Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони организирал „систем на проституција“, во својата вила, близу до Милано, плаќајќи жени за сексуални услуги, истакнал обвинителот кој го води процесот против Берлускони.
Обвинителот Антонио Санџермано ова го изнел во завршниот збор на постапката, поради наводен секс со малолетна проститутка во 2010 година.
Судскиот процес започна во април 2011 година, а пресудата се очекува да заврши најдоцна до крајот месецов.
Санџермано тврди дека проститутките на Берлускони му ги доведувале неговите соработници, на кои им плаќал во кеш.
Поранешниот премиер на Италија е обвинет дека десет пати имал платен секс со седумнаесетгодишната Карима Ел-Махруг, позната по иметничкото име Руби.
Тој е обвинет и дека ја злоупотребил службената функција поради тоа што од полициски притвор ја извлекол Руби, кога во 2010 година бил уапсена поради ситна кражба.