ВИДЕО: Јубилејни 50 години Вудсток

Од:

На денешен ден пред 50 години кај гратчето Бетел во американската сојузна држава Њујорк беше отворен рок-фестивалот Вудсток, што траеше три дена, а обележа цела една генерација во САД.

Фестивалот се одржа во август 1969 година кога американското општество беше поделено поради војната во Виетнам. По учеството во успешната организација на Поп-фестивалот во Мајами, кон крајот на 1968 година, младиот менаџер Мајкл Ланг, заедно со тројца свои соработници – Џон Робертс, Џоел Розенман и Арти Корнфилд, се нафатија да направат нешто поинакво, но коешто ќе биде гласен протест против војната меѓу САД и Виетнам.

Организаторите ги контактирале најпопуларните пејачи и групи од тоа време, но не сите прифатиле. Меѓу позвучните кои откажале се вбројуваат „Дорс“, Боб Дилан, „Џетро тул“… „Битлси“ не биле земени предвид оти веќе три години не практикувале настапи во живо, а пак, „Ролинг стоунс“ и „Лед цепелин“ веќе имале закажани други настапи кои не сакале да ги коцкаат.

Но и покрај сѐ, Вудсток бил повеќе од успешен. На фестивалот се очекувало да дојдат 50.000 посетители, но присуствувале над 400.000 луѓе, што и го направи овој настан така легендарен.

Организаторите најавија јубилејно второ издание што требаше да се одржи неделава, но како што самите истакнаа – поради „непредвидени пречки“, тоа беше откажано.

Голем број од ѕвездите на првиот Вудсток се починати, меѓу кои Џенис Џоплин и Џими Хендрикс, но беше предвидено на јубилејот да учествуваат Џоан Баез и групата „Ху“, коишто и пред 50 години имаа настап.

Свој настап имаа и Берт Самер, Џон Себастијан, Тим Хардин, Сантана, Џо Кокер, Џони Мичел, Џони Винтер и многу други.

Една година по фестивалот, во 1970., премиера имаше документарецот посветен на сѐ тоа. Филмаџиите Мајкл Вадли, Мартин Скорсезе и монтажерката Телма Шунмејкер добија и оскар за најдобар документарен филм.

Би можело да ве интересира

Kонцерт на Џез триото АУМ

Забранет настапот во Хрватска и на хор од Црна Гора, се противат ветераните

Предраг Петровиќ

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Француска вечер 17 години присутна на „Охридско лето“

Во Белград маестрален концерт на дуото Влатко Стефановски и Васил Хаџиманов

Концерт „Најдоброто од Копров” на „Скопско лето“