Болтон: САД со воодушевување ќе поддржи Брегзит без договор

Од:

САД со воодушевување ќе поддржат Брегзит без договор ако така одлучи британската влада, изјави американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон.

-Ако тоа е одлука на британската Влада, ние со воодушевување ќе ја поддржиме, изјави Болтон кој ја започна дводневната посета на Лондон со средбата со британскиот премиер Борис Џонсон.

Џонсон сака повторно да преговара за условите на Брегзит со ЕУ пред крајниот рок на 31 октомври, но Унијата вели дека нема да биде изменет делот од договорот, за кој британскиот премиер вели дека мора да биде променет.

Болтон му рекол на Џонсон дека американскиот претседател Доналд Трамп сака да го види успешниот излез на Велика Британија од ЕУ на 31 октомври и дека Вашингтон ќе биде подготвен да работи брзо на американско-британски договор за слободна трговија.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ