Студија: Кинеските инвестиции во Европа на многу ниско ниво по трговската војна САД-Кина

Од:

Кинеските инвестиции во Европа се намалија за 80 отсто во првата половина од годинава во споредба со истиот период во 2018 година, нагласува консултантскиот гигант „Ернст и Јанг“ (ЕИ) во студија.

Кина инвестираше 2,4 милијарди долари во европските компании во првите шест месеци од 2019 година, вклучително и 81 аквизиции и купување акции, соопшти ЕИ, истакнувајќи дека повеќето од тие биле само зделки од мали размери.

Студијата покажа дека Кина не остварила аквизиции во Германија и инвестирала само 505 милиони долари во германски компании. Во 2018 година најголемата економија во Азија инвестираше 10 милијарди долари во Германија.

Консултантската фирма смета дека тековниот трговски конфликт меѓу САД и Кина, што предизвика економијата на Кина да се забави, е главна причина за остриот пад.

Во 2016 година, Европа забележа рекордна сума на кинески инвестиции преку аквизиции на европски компании, во износ од 85 милијарди долари.

Кина експлицитно најави дека ја извршува целта да ги престигне Западот и Јапонија во технолошкиот сектор до 2050 година

Би можело да ве интересира

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина