Пет лица на возраст од 19 до 65 години, сите од Скопје се приведени поради физичка пресметка по завршување на фудбалски натпревар на булеварот „АСНОМ“, во близина на стадионот „Петар Милошевски“, инфрмираат од МВР.
При пресметката со повреди се здобиле неколку лица, а едно лице се здобило со повреда од остар предмет на левата рака.
Се превземаат мерки за расчистување на случајот.