Боинг 747-400 на германската авиокомпанија „Луфтханза“, на линија кон Шангај, со 370 патници, кусо по полетувањето, поради технички проблеми бил присилен да се врати назад на аеродромот во Франкфурт, соопшти утрово компанијата.
Немало никакви непосредни опасности. Пилотите одлучиле да се вратат на аеродромот во Франкфурт како мерка за претпазливост.
Според информациите, пилотите пред слетувањето исфрлиле гориво, а пожарникарски возила биле подготвени да интервенираат, ако имало проблеми за време на слетувањето.
„Луфтханза“ не открила детали во врска со техничкиот поблем што довел до враќање на авионот на аеродромот од кој полетал.
Патниците подоцна во текот на денот ќе полетаат со друг авион за Шангај.