Германија донесе одлука привремено да ја стопира помошта од 35 милиони евра во Бразил наменета за зачувување на Амазонската прашума, заради масовна сеча на шуми.
Тој потег е резултат на „голема загриженост поради растечкото уништување на шумите во бразилскиот Амазон“, изјавија од германската Амбасада во Бразил за весникот „Фолха де С. Паоло“.
Одлуката нема да влијае на средствата во Фондот „Амазон“, во кој Германија е клучен донатор.
Според весникот „О Глобо“, одлуката на Берлин се однесува на средства наменети за нови проекти, финансирани од бразилското Министерство за животна средина.