(ВИДЕО) Бендевска: Неодговорноста на Талески, битолчани ги чини вкупно 10 милиони денари!

Од:

Македонија се сака со дела! Избери дела – рече вчера Груевски на промоцијата на, во најголем дел, старо – новите кандидати за градоначалници на ДПМНЕ, рече пратеничката Весна Бендевска на прес конференција.

Какви дела стојат зад Владимир Талески, праша таа, кога без око да им трепне го нудат пред битолчани за уште еден градоначалнички мандат? Или подобро, што направи Владе за Битола овие 8 години-кога потроши околу 200 милиони евра пари собрани од битолчани?  Со какви ДЕЛА Владе ја потврди својата љубов кон Битола?!

Еве еден пример. Во септември 2007-ма, Талески во име на Општина Битола склучува договор 08-2518 со скопската фирма „АВТОНОВА“  за уредување на градежно земјиште, за што фирмата уредно на сметката на општината уплатила околу 6-ипол милиони денари.
Но-Талески иако ги примил парите – и по три години ниту  го исполнил договорот ниту ги вратил парите. 

И ако веќе говориме за ДЕЛА, што би рекол Грујо, – вакво дело во секој случај се категоризира едноставно како – ИЗМАМА.

Затоа, Автонова во 2010-та година поведува спор, и истиот, се разбира, со одлука на Основниот суд во Битола го добива.

Во пресудата  бр. 173/10, Судот ја задолжува општината на фирмата да и се  вратат  5-ипол милиони денари.

И Талески, во негов ноншалантен стил, наместо да ги врати парите, изјавува жалба пред битолската Апелација!!! Ем виновен-ем кабадаја!
Апелациониот суд во 2011-та, ја отфрла жалбата како неоснована и ја потврдува одлуката на Основниот суд. 

И повторно Талески на ДЕЛО: наместо да ја испочитува пресудата – тој оди чекор натаму, бара РЕВИЗИЈА од Врховниот суд! Во октомври 2012-та, пред само 4 месеци, Врховниот суд донесе конечна пресуда во корист на оштетената фирма. Општина Битола – не само што мора да ги врати уплатените средства на Автонова, туку заради неодговорното, нерационалното и недомаќинското работење на Владимир Талески сумата од 5.5 милиони денари низ правосудните лавиринти ДВОЈНО се зголеми!

Само на име на камата на главниот долг 3.8 милиони денари, процесни и извршни трошоци , над 500 илјади денари. Општината ќе плати дополнителни 4-ипол милиони денари, се разбира без трошоците за адвокатски услуги на тужителот!  Или, правната авантура и неодговорност на градоначалникот, битолчани ги чини вкупно 10 милиони денари!

Вакви, под наводници ГЕНИЈАЛНИ  ДЕЛА од најпознатиот ГЕНИЈАЛЕЦ- за жал, има многу.
Затоа и го најавувам серијалот што ќе следи и ќе говори за таканрачените дела на Владимир Талески во последните 8 години,

Затоа и Битола последните осум години назадува, наместо да чекори кон напред. Битола не го заслужува ова. Битола може и мора поинаку. И ќе биде поинаку. Веќе од 24-ти март Битола со новиот градоначалник, Менде Диневски, конечно ќе ја виде одговорноста на дело. Вистински човек, за вистински решенија за нашата Битола.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанковиќ: Матни зделки во енергетиката, зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи дали Алказар има одобрение за градба?

Шукова: Верувам дека културата не е трошок, туку инвестиција во иднината на еден град

Требаше да биде кандидат на СДСМ, а му се приклучи на тимот на Ѓорѓиевски во трката на Скопје

СДСМ бара Сиљановска да не го потпишува Указот за Законите за полиција и МВР

ВМРО-ДПМНЕ: За ситни политички поени, СДС ја стави Македонија во пламен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајчулески до Мицкоски: Зошто го отворате прашањето за македонскиот јазик, не враќате во времето на Груевски со истите мотиви?