Холандски државјанин се изгубил на Пелистер, го пронашле спасувачките екипи

Од:

Дваесет и петгодишен државјанин на Холандија, кој бил пријавен дека се изгубил на планината Пелистер, е спасен од тимот за брз одговор за спасување на планини при Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Како што соопштуваат од ДЗС, до нивното Подрачно одделение во Битола, денеска во 13:35 часот пристигнала дојава за изгубено лице. Станува збор за 25 годишен државјанин на Холандија, кој се упатил од село Нижополе кон Големо Езеро на Пелистер.

-По лоцирањето на изгубеното лице, тимот за брз одговор за спасување на планини, при Дирекцијата за заштита и спасување, излезе на терен, и во 15:10 часот го пронајде лицето над село Нижополе, со лесна повреда на коленото. По санирањето на повредата, тимот за брз одговор за спасување на планини при ДЗС, безбедно го пренесе лицето до Битола, каде што е и сместено, стои во соопштението на ДЗС.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа