А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Пацоли очекува Томор Морина наскоро да се врати во Косово

by А1он08/08/2019 - 09:2608/08/2019 - 10:13357
Share0

Министерот за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли очекува поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово, кој на 24 јули, врз основа на потерница на Интерпол беше уапсен од македонската полиција на граничниот премин Блаце, наскоро да биде пуштен од притвор и да се врати во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Добивај вести на вибер

Пацоли преку објава на својата страница на „Фејсбук“ изрази задоволство поради вчерашната одлука на надлежниот суд во Северна Македонија да го одбие барањето на Србија за екстрадикција на Морина.

– Среќен сум што Томор Морина ја доби првата битка на судството во Северна Македонија за одбивање на српската одлука за екстрадикција. Ние веруваме силно во професионалната работа на властите во Северна Македонија и во пријателските врски меѓу нашите две земји. Многу бргу тој ќе се врати дома, кај своето семејство и пријателите и ги повикувам сите да бидат трпеливи, напиша Пацоли.

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје вчера донесе решение дека не се исполнети условите за екстрадиција на поранешниот припадник на ОВК во Србија. Воедно, на Морина му е продолжен притворот до правосилноста на ова решение, односно до одлучување по предметот од страна на на Врховниот суд на РСМ.

kosovomakedonijatomor morina

Би можело да ве интересира

Убиство на Косово – го застрела својот брат во гениталии, искрвари на пат кон болница

А1он22/03/2026 - 11:06

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ21/03/2026 - 17:1121/03/2026 - 17:55

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие

Предраг Петровиќ21/03/2026 - 15:10

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ20/03/2026 - 21:1220/03/2026 - 21:14

Лишен од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, примил поткуп од 50.000 евра

Предраг Петровиќ20/03/2026 - 15:5620/03/2026 - 17:04

Европските искуства предупредуваат: рестрикциите го поттикнуваат црниот пазар на никотински производи

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 18:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто