Парламентот во Индија изгласа поголема власт над Кашмир

Од:

Парламентот на Индија гласаше за реорганизирање и нова класификација на Џаму и Кашмир со што владата во Њу Делхи ќе има поголема власт над тој спорен регион со мнозинство муслимани.

Законот донесен од страна на Долниот дом на Индија ќе го смени административниот статус на Џаму и Кашмир од држава во сојузна територија.

Во индискиот политички систем државите имаат значителни овластувања кога станува збор за локалните прашања, но кога станува збор за федералните територии, Њу Делхи има поголемо влијание.

Според законот, усвоен со 370 „за“ и 70 „против“, планинскиот регион Ладак, што моментно е дел од Џаму и Кашмир, ќе биде одвоен и претворен во сојузна територија.

Горниот дом на индискиот Парламент вчера го усвои новиот закон.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати