Шест интервенции на стрништа во штипскиот регион

Од:

Штипските пожарникари имале шест интервенции на стрништа и сува трева во текот на минатата недела, информира командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ) – Штип, Тони Атанасов.

-Пожарите на отворено почнаа од 2 август. Пожарникарите интервенираа три пати во атарот на селото Аргулица, а пожари имавме и во селата Нов Карорман, Таринци и кај живинарската фарма кај Штип, вели Атанасов.

Тој додава дека минатата недела опожарени се и три куќи, од кои едната во селото Лакавица, а две во населбата „Исар“во Штип. Материјални штети има, изгорена е покуќнина, но и кровните конструкции на куќите. Апелира граѓаните да внимаваат и да не ги палат стрништата по жетвените активности, бидејќи поради ветерот се пренесува на околните ниви или шумски појаси, со што штета трпат и други земјоделци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат