Руска државјанка со својот автомобил, на пешачки премин во Будва прегази едногодишно бебе. Како што може да се забележи од безбедносните камери, по ударот, бебето излетало неколку метри од количката по што завршило под автомобилот кој се движел неконтролирано. Бебето за среќа не било усмртено, туку завршило со потешки повреди.
Таткото коj ја носел количката и едногодишното бебе се државјани на Холандија.
Полицијата во Будва поднела кривична пријава против руската државјанка која управувала со автомобилот. Обвинета е за нарушување на безбедноста во сообраќајот. Русинката откако дала изјава пуштена е да се брани од слобода.