Европската хуманитарна организација „Лекари без граници“ (МСФ) – и СОС Медитеран претставија нов брод за спасување мигранти, осум месеци откако претходниот брод беше принуден да ги запре спасувачките операции.
„Оушн Викинг“, кој плови под норвешко знаме, исплови од француското пристаниште Марсеј, потврди портпаролката на СОС Медитеран, посочувајќи дека пловилото треба да стаса до брегот на Либија до крајот на седмицата.
Со капацитет од 200 луѓе, четири спасувачки чамци со голема брзина и клиника, тоа е најголемиот спасувачки брод на Медитеранот.
Средоземното Море е меѓу најопасните рути за луѓето кои бегаат од Африка и Блискиот исток кон Европа. Најмалку 426 лица загинаа годинава кои се обиделе по оваа рута да стасаат од Либија во Европа.