Светиниколец почина при скок во езерото на плажата Лагадин

Од:

Триесет и петгодишен светиниколец починал синоќа во Охрид од повреди добиени од удар со главата во камен.

Како што соопшти МВР, вчеравечер во 20 часот било пријавено дека на плажата Лагадин во Охрид лицето од Свети Николе скокнало во езерото и со главатa удрило во камен што бил во водата.

При транспорт во болница од здобиените повреди лицето починало. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа