Три деца полесно повредени во сообраќајка на автопатот Тетово – Гостивар

Од:

Пет лица се повредени во сообраќајката на автопатот Тетово – Гостивар што се случи утрово околу седум часот кај клучката за Камењане.

Во несреќата учествувале три возила, „цитроен“ со скопски регистарски таблички, „мерцедес“ со британски таблички и „рено меган“ со тетовски регистарски ознаки, информираат од Секторот за внатрешни работи Тетово.

-Од повредените пет, три се деца, а две женски лица. Сите се полесно повредени но се однесени во тетовската клиничка болница за да добијат лекарска помош. Поради сообраќајката извршен увид од страна на стручните служби на СВР Тетово и јавен обвинител што резултира со застој во сообраќајот на автопатот кон Гостивар. По два часа околу 9 часот сообраќајот е нормализиран, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Додека траел увидот, дел од возилата биле пренасочувани кон алтернативниот пат за Гостивар, на регионалнцата делница 1206 Тетово – Пирок.

Би можело да ве интересира

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Откриена нелеглана плантажа на канабис во Струмичко

Некои од запленетите нелегални лекови биле наменети за домашниот, други за странскиот пазар

Тешко повреден штипјанец донесен во Клинички, тврди дека го тепал болничар во установа во гевгелиско

Катерина Ѓуровски