Трамп: Од септември царини за кинески производи од 10 отсто

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе започнат со примена на нови царини од 10 отсто на производи од Кина од први септември, во вредност од околу 300 милијарди американски долари.

Трамп на својот профил на Твитер напиша дека преговорите што се одржуваат во моментот, ќе продолжат.

Тој, сепак, ја обвини Кина дека не презема чекори за прекин на продажба на фентанил во САД или набавка на земјоделски производи во големи количини.

САД веќе применија царини од 25 отсто на кинески стоки во вредност од 250 милијарди американски долари.

Кина одговори со воведување тарифи за американски стоки вредни 110 милијарди американски долари.

Би можело да ве интересира

Кина го поддржа планот на Украина, Европа и САД

Катерина Ѓуровски

Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат

(ВИДЕО) Трамп: Како претседател мора да го почитувам Уставот на САД и тоа што ќе одлучи Врховниот суд

Горан Наумовски

Поранешен шеф на ЦИА: САД ѝ дадоа на Украина доволно оружје за да „крвави“, но не и да победи

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски