Словенечката нуклерана електоцентрала „Кршко“ денеска повторно е приклучена во електоренергетската мрежа, по неколкудневен прекин.
Работата на нуклерката беше запрена на 25 февруари, кога беше утврдено механичко оштетување на изолацискиот вентил за пареа во секундарниот дел на централата, поради што се јави потреба од ладење на системот.
Според соопштението на управата на „Кршко“, оштетените делови на ветилот се заменети, додека неговата целосна проверка ќе биде извршена за време на планираниот ремонт оваа есен.