Руанда ја затвори границата со Демократска Република Конго за да спречи ширење на ебола.
Одлуката за затворање на границата уследи откако еден маж почина од ебола во градот Гома, кој е лоциран на границата со Руанда.
Тоа е втор потврден случај на ебола во Гома.
Светската здравствена организација ја прогласи еболата за глобална здравствена закана и препорача рестрикција на патувањата. СЗО потенцира дека е многу голем ризикот од регионално ширење на болеста.