(ВИДЕО) Калеска –Ванчева: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се оградуваат од криминалите на Груевски и работат по негови директиви

Од:

„11 години за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ нашата држава беше заробена во изолација, неизвесност, скарана со соседите, далеку од ЕУ и НАТО.

11 години ВМРО-ДПМНЕ со антидржавните политики правеше поделби меѓу граѓаните, по национална, верска и партиска основа.

Човековите права секојдневно се погазуваа, а државата беше на дното по медиумските и новинарски слободи“, рече Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка на СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш не повика на заедништво, на обединување во реализацијата на државните и национални интереси.

Таквото деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ продолжува и денес.

И ден денес почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и осуден бегалец Никола Груевски од Будимпешта се уште повикува на пресметки и на пресретнување во темни улички.

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не само што не се оградуваат од криминалите на Груевски, туку работат по негови директиви. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се посветени единствено на деструкција, лажни вести и очајнички обиди да се закочи напредокот.

Се уште ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не се оградија од криминалите направени за нивното 11 годишно владеење.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште седат во белиот дворец кој е симбол на криминал, корупција и расипништво. ВМРО-ДПМНЕ беше и останува симбол на деструкција, на неодговорно и антидржавно однесување“, изјави Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он