Во Холандија стапи во сила забраната за носење бурка

Од:

Во Холандија стапи во сила Законот со кој се забранува носење бурка откако Парламентот во јуни минатата година изгласа делумна забрана за носење во јавните институции – училишта, владини канцеларии и болници. Законот се однесува на сите елементи кои го покриваат лицето.

Во согласност со Законот, службени лица ќе можат да бараат од жената која носи бурка да ја соблече при влез или да ја напушти зградата. Во случај на непочитување на одредбата, постои можност да интервенира полицијата и да изрече парична казна во висина од 150 евра.

Со Законот не се опфатени лицата кои поради работата мора да го скријат лицето, пациенти кои подолго престојуваат во болница, како и нивните посетители, како и лицата кои носат маски за време на забава и други активности.

Иако Законот наведува „елементи кои го кријат лицето“, за муслиманите законот е забрана за носење бурка.

Партијата Нида, формирана од муслиманите во Холандија, пред две недели соопшти дека ќе ги плати сите казни кои ќе бидат изречени за носење бурка.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина