Северна Кореја: Извршена проба на ракетен систем, а не на ракети

Од:

Северна Кореја денеска објави дека нејзиниот лидер Ким Џонг Ун го надгледувал првото тестирање на новиот ракетен систем што може да ја зголеми можноста таа земја да погодува цели во Јужна Кореја и тамошните американските воени бази.

Тоа го соопшти севернокорејската агенција КЦНА, иако јужнокорејската војска соопшти дека од Северна Кореја биле лансирани две балистички ракети со краток дострел.

КЦНА нагласува дека Ким изразил задоволство од пробното лансирање и дека најновиот ракетен систем ќе има „голема улога“ во воените операции.

„Пробата научно потврди дека техничките податоци и карактеристики на новото ракетно вооружување од голем калибар достигнале нумерички вредности на својот дизајн и ја потврдиле борбената ефективност на целиот систем“, пренесува КЦНА.

Севернокорејската агенција не спомна ниту една земја како потенцијална цел.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт