Едно лице загина во сообраќајката меѓу комбе и автобус на патот Велес – Штип

Од:

Во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва околу 20:20 часот на магистралниот пат Велес – Штип кај приклучокот за Ново Село при директен судар помеѓу комбе и автобус загина едно лице.

Како што информираше Верољуб Додевски од СВР Велес, повеќе лица се повредени и со возила на брза помош се пренесуваат во Општата болница во Велес.

Во моментот на несреќата 15 патници биле во автобусот кој се движел во правец кон Штип. Неофицијално автобусот имал кратовски регистарски таблички, а патниците оделе на одмор во Бугарија.

Со автобусот директно се судрило товарно комби со скопски ознаки. Загинатиот е возачот на комбето во кое немало други патници. Повредени има десетина лица кои со возила на брза помош се пренесуваат на хируршкото одделение на велешката болница, а помага и противпожарната единица.

Полицијата врши увид и засега не соопштува детали за несреќата која се случила околу 20.20 часот кај село Мамутчево кај клучката за Ново Село на регионалниот пат Велес – Штип. Информации засега нема ни од дежурните лекари во Општата болница Велес.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шестгодишно дете возело електричен тротиент, се судрило со мотор и тешко е повредено

Му зеле 22.500 евра, измамници му ветувале дека ќе му завршат работа да купи државно земјиште

Починато петмесечно бебе донесено на Детска клиника

15-годишник избодел врсник во основно училиште во Гази Баба

Уапсен е возачот кој со камион прегази старец на патот Прилеп – Градско