Опожарена куќа во тетовско Глоѓи, нема повредени

Од:

Синоќа околу 20 часот и 30 минути избувнал пожар во куќа во тетовското село Глоѓи, сопственост на Б.С. (61) од Скопје и И.И.(77) од Теарце. Нема повредени, причинета е материјална штета.

Огнот целосно ги опожарил потпокривот, првиот кат и покуќнината, а делумно било зафатено и приземјето на објектот во кој сопствениците престојувале повремено преку викендите, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Во гаснењето на пожарот учествувале две противпшожарни возила на територијалната противпожарна единица од Тетово, како и едно возило на доброволното приватно противпожарно друштво од Пршовце, од каде најпрвин било пријавено за овој настан, по што огнот бил локализиран.

Бидејќи и утринава се уште догорувале греди и друг материјал пожарникарите интервенирале повторно.

Полицијата врши увид на местото, по што треба да се дознаат причините за пожарот како и вкупната материјална штета.

Според првичните информации во куќата немало довод на електрична енергија, ниту пак траги дека пожарот е подметнат.

Би можело да ве интересира

Се чека пристапен терен за интервенција на пожарот во Дојран

Осум пожари на отворено, три сè уште активни

ВИДЕО: Драма кај Требиње: Пожарот се доближи до селата, пожарникарите цела ноќ ги бранеа куќите

Два активни и еден изгаснат пожар до 14 часот

Активен е еден пожар, седум изгаснати

Два активни пожари на територија на државата, осум изгаснати