„Скопско лето“ завршува со концерт на „Танец“

Од:

Четириесеттото „Скопско лето“ завршува вечер со вокално-инструментален концерт „70 лета“ на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“, кој годинава одбележува седум децении постоење. Концертот ќе се одржи на плоштадот „Карпошово востание“ со почеток во 20.30 часот.

„Танец“ е формиран во 1949 година со основна цел да го собира, негува и уметнички да го надградува македонското фолклорно богатство и да го претставува во земјата и надвор од нејзините граници. Оттогаш ансамблот има бројни кореографии, илјадници концерти низ светот, огромен фонд на песни, ора, оригинални носии и сценски адаптации. Поради тоа и го носи епитетот симбол и амбасадор на македонскиот фолклор, подвижен музеј на македонската духовна култура.

Ансамлот имал повеќе од 4500 концерти во земјава и во светот пред околу осум милиони гледачи.

Седумдесетгодишнината од основањето „Танец“ пред еден месец во Националната опера и балет ја одбележа со свечен јубилеен концерт насловен „Во чекор“.

Би можело да ве интересира

Откажан перформансот „Во моите чевли”, во Сули ан перформанс на Михаил Парушев

Концерт на хорот „Фрида“ на Скопско лето

Драмски со претставата Фирма на Скопско лето

44. издание на Скопско лето со преку 30 културни настани и богата програма ја одржува традицијата како еден од најдобрите фестивали за култура

Со концерт на Ори Даган завршува „Скопско лето“

Kонцерт на Киц Поп Хор на Скопско лето 2022