Руската полиција најверојатно употреби прекумерна сила против демонстрантите минатиот викенд, со оглед на тоа што наводно повреди повеќе од 70 луѓе, соопшти денеска канцеларијата на Советот на Обединети нации за човекови права.
Советот исто така ги повика руските власти да им дозволат на граѓаните да организираат и учествуваат во мирни протести без ограничувања.
Руската полиција во саботата во Москва уапси повеќе од илјада луѓе за време на протестот организиран од опозицискиот лидер Алексеј Навални.