Панамските власти открија и запленија околу три тони кокаин. Тоа е втора по големина запленета пратка кокаин во земјата.
Во операцијата нема приведени лица, бидејќи успеале да побегнат.
Во Панама за време на викендот запленети се над седум тони кокаин, чија вредност на пазарот изнесува околу 70 милиони американски долари.