Судот го одби Мијалков да се лекува во Чешка

Од:

Судија на претходна постапка во кривичниот суд го одбил барањето на ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, со времен пасош да се лекува во Чешка.

„Советот на одржана седница по разгледување и ценење на барањето и  мислењето на надлежното обвинителство донесе решение со кое барањето го одби како неосновано“, соопштија од кривичниот.

Против ова решение Мијалков има право на жалба до Апелацискиот суд во рок од 3 дена.

Ова уследи откако СЈО даде негативно мислење за лекување во странство на ексдиректорот на УБК, со времен пасош. Неофицијално, Мијалков повеќепати ги поднесувал истите документи за лекување во Чешка. Овојпат била доставена и препорака.

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков е неправосилно осуден на три години затвор за примање награда за противзаконито влијание во случајот „Титаник 2“ на СЈО, кој за изборни нерегуларности во 2013 година.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Секој што бил прислушуван сам ќе треба да тужи: Кривичен суд ги праќа на граѓанска постапка откако предметот застаре

Александар Тодески

Рочиштето за масовното прислушување одложенo поради законските измени, Мијалков се спасува од делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески

Апелација укина пресуда за Мијалков со која требаше да лежи 8 години во затвор и во буџетот да се вратат 860 илјади евра

Кристијан Ландов

Од 13 години затвор, се испазари за три: Државата зема имот од 30 милиони евра на Мијалков, а не знае како го стекнал

Кристијан Ландов

Мијалков фати корона откако излезе од притвор, поради него се одложи судењето за „Плацови на Водно“

Кристијан Ландов