(ВИДЕО) Трипуновски: Зелена нафта е само козметичка мерка, не ги решава проблемите на земјоделците

Од:

„Квази мерката зелена нафта на Зоран Заев е уште една неефективна популистичка мерка, од која земјоделците нема да имаат никаква корист.

Власта предвидува поделба на 55.000 картички за зелена нафта, во време кога во Македонија има преку 100.000 регистрирани земјоделци. Да само за половина од македонските земјоделци ќе има таканаречена зелена нафта. Во нормални услови ќе прашавме по кои критериуми истите ќе се делат, но земајќи ја во предвид ситуацијата дека картичките и не овозможуваат големи поволности, заклучокот е едноставен, ова е класично замачкување на очи на македонските земјоделци“, рече Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено според направените пресметки намалувањето на трошоците кое ќе го имаат земјоделците во нивното производство со оваа таканаречена мерка изнесува помеѓу од 1 до 3%.

Зелена нафта е само козметичка мерка. Истата не ги решава проблемите на македонските земјоделци. Земјоделците имаат проблем со пласманот и со цената на земјоделските производи.

Доколку власта навистина сакаше да им помогне на земјоделците со зелената нафта, ќе овозможеше достапност на сите земјоделци до картички и до оваа мерка, и ќе ја намалеше односно ќе ја укинеше акцизата за нафтата од 3.5 денари со што ќе го донесеше македонскиот земјоделец во рамноправна положба.

Поради лошите политики во земјоделието. Поради се попразните села и необработените ниви, поради младите кои се иселуваат од Република Македонија, СДСМ мора да си замине. Потребни се итни предвремени парламентарни избори“, изјави Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ