(ВИДЕО) Арсовски: Власта, СДСМ и Заев сакаат да го прикријат криминалот на Катица Јанева

Од:

„Замислете Катица Јанева побарала форензичко бришење на компјутерите во СЈО. Очигледно, после ваков скандал Катица Јанева има нешто да сокрие, а штом се уште молчат сите и обвинителството и власта, и не се наоѓа Катица Јанева на распит во обвинителството, тоа значи дека некој сака и нејзе да ја скрие и да го премолчи целиот овој скандал и инволвираноста на Катица Јанева во истиот скандал „Рекет“.

Власта, СДСМ и Зоран Заев сакаат да го прикријат криминалот на Катица Јанева. Тоа потврдува дека и Зоран Заев и Катица Јанева и Кики и Фрики и сите останати се вмешани во случајот „Рекет“, рече Димче Арсовски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа ниту СЈО може повеќе да продолжи со својата работа, ниту пак Катица Јанева да биде обвинител. Замешана е во скандал за рекетирање тежок милиони.

Бараме, носење нов реформски закон според принципите на правото и правдата и Уставот. Најпрвин детална истрага за случајот „Рекет“, да ја видиме инволвираноста и на Катица Јанева и на другите обвинители и истражители на целото СЈО.

Потоа согласно законите бараме враќање на сите обвинители и истражители на нивните матични работни места од каде што доаѓаат и дури потоа доколку ако ги исполнуваат критериумите да конкурираат во новото обвинителство за гонење висока корупција и криминал. Не дозволуваме со закон, скокање по неколку скалила на обвинителите.

Бараме сите предмети од процесите коишто се започнати на ниво на обвинение до 30.06.2017 година, истите да бидат превземени од државниот јавен обвинител и истите да се прераспределат согласно процесите и советите на експертската јавност, онаму каде тие дела истите припаѓаат, односно треба да припаѓаат според нивната тежина.

ВМРО-ДПМНЕ предвидува финансиска независност за целокупното Јавно обвинителство и тоа од 0,8 до 1 процент од државниот буџет, кој што се гласа секоја година, да се одвојува за потребите на државното јавно обвинителство.

Ова се суштинските реформи кои треба да ја донесат неселективната правда.

Намерите на СДСМ и Зоран Заев, верувајте дека не се искрени. Тие само сакаат да се амнестираат и да се заштитат по падот на власта на СДСМ, како што гледаме во моментов дека ја амнестираат Катица Јанева, односно сите други инволвирани.

Македонија мора да се рестартира и мора да тргне напред. И тоа веднаш!“, изјави Димче Арсовски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски