Белгија, Ирска и Холандија најглобализирани земји во светот

Од:

Белгија, Ирска и Холандија се најглобализирани земји во светот, а годинава меѓу првите десет држави на оваа листа првпат се најде и Швајцарија, соошти Центарот за пазарсни истраживања (КОФ) со седиште во Цирих.

Класификацијата на најглобализирани земји КОГ ја прави врз основа на степенот на интегрираност на една земја во глобалната економија.

Како и во 2012, и оваа година нема промени на првите три места на листата, кои ги држат Белгија, Ирска и Холандија. На четвртото место на оваа класификација, со која се опфатени 187 земји, се наоѓа Австрија, а на петтото Сингапур.

Меѓу поголемите светски економии, Велика Британија е на 12-то место, Франција на 18-то, Германија на 22-то, Италија на  23-то, а САД на 34-тата позиција.

На последните три места на листата се наоѓаат Еквторијална Гвинеја, Кирибати и Источен Тимор.

Експертите на КОФ во извештајот за најновата класификација оценуваат дека како последица на економската криза темпото на глобализаиција во последниве години е успорено.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Англија ја совлада Ирска

Хеликоптер удри во зграда во ирско село: Има голем број на жртви

Горан Наумовски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети