Елена Папандреу: Охрид е живописен град исполнет со мир и спокој

Од:

Сум слушала за Охрид, но благодарение на фестивалот „Охридско лето“ првпат имав прилика да се запознаам со културно историското богатство на градот, вели воодушевено грчката гитаристка Елена Папандреу, која вчера прошета низ Охрид со туристичкиот водич на „Охридско лето“.

Грчката музичарка со богата кариера во Охрид остана два дена кои ги искористи за незаборавни прошетки, но и пливање во Охридското Езеро.

– Првпат бев во посета на Охрид, многу ми е драго, едноставно имав среќа што останав еден ден повеќе, а фестивалот „Охридско лето“ ми овозможи да ги видам културно -историските споменици. Градот е фантастичен, убаво живописно место исполнето со мир и спокој. Многу зеленило, свеж воздух и прекрасно сино езеро. Многу пријатни луѓе, пријателски расположени кон гостите.Пливањето во Охридското Езеро беше прекрасно искуство. Задоволна сум и ми беше чест што бев дел од фестивалот „Охридско лето“. Можам да кажам дека ова беше патување исполнето со прекрасни спомени, вели Папандреу.

Со професионален туристички водич грчката музичка ѕвезда прошета низ стариот дел на Охрид, но го посети и Заливот на коските во Градиште и манастирскиот комплекс Свети Наум. Таа уживаше и во вкусната традиционална македонска храна.

Фестивалот „Охридско лето“, преку уметниците кои со себе ќе ги понесат незаборавните спомени и ќе ги пренесат позитивните искуства, го промовира Охрид ширум целиот свет.

Би можело да ве интересира

Француска вечер 17 години присутна на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски

На „Охридско лето“ вечерва симфонискиот оркестар од Црна Гора и нашата пијанистка Нина Костова

Предраг Петровиќ

Отворено 64. издание на фестивалот „Охридско лето“

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма