ВИДЕО: Путин на дното на Финскиот залив гледаше потопена подморница од Втората светска војна

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин во текот на вчерашната посета на Балтичкиот остров Хогланд, од една мала истражувачка подморница (батискаф), на дното во Финскиот залив, ги разгледуваше остатоците од друга потопена подморница, јавија руските медиуми.

Тој со стручњаците ја разгледа потопената подморница ССЦЦ-308 што потонала во Втората светска војна, пренесоа неколку руски медиуми.

Еден нуркач постави комеморативна плоча на остатоците од подморницата и на тој начин им одаде почит на 40-те членови на екипажот што погина во октомври 1942 година.

-Го правам ова затоа што нашите луѓе работат насекаде – во воздух, под вода и под земја, рече Путин по обиколката на подморницата, што траеше околу 1,5 час, наведуваат руските емдиуми.

Путин кажа дека можел да ја види потопената подморница од сите страни и сакал подобро да го разбере работењето на оние кои секојдневно ги рескирале своите животи.

Ова не беше прво патување со подморница на рускиот претседател.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он