Еден рудар загина, двајца повредени во рудникот „Булмак” кај Крива Паланка

Од:

Еден рудар загина, а двајца рудари вработени во рудникот за олово и цинк, „Булмак- Минстрој“, поранешна Тораница се повредени при минирање на јама.

Според официјалните првични информации од Секторот за внатрешни работи Куманово, несреќата во рудникот се случила денеска околу 13 часот, а во Полициската станица од општа надлежност Крива Паланка е пријавена во 14:20 часот.

Во несреќата загина Б.М. (57) рудар од Крива Паланка, а повредени се Ј.М. (30) и А.Н. (32).

Од СВР Куманово информираат дека се уште трае увидот на местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва