Неколкумина приведени по денешните насилни протести во Скопје

Од:

Неколку лица се приведени, а се работи на приведување на уште неколкумина откако денеска  група млади, припадници на албанската етничка заедница одржаа насилен протест во Скопје.

Портпаролот на МВР Иво Котески за МИА изјави дека за време на насилствата се повредени двајца полицајци, две полициски возила се оштетени, како и повеќе сообраќајни знаци, автобуски постојки, но најголема штета е нанесена на приватни возила и објекти. Превртени се две приватни возила и искршени шофершајбни на повеќе возила.

Полицијата е се уште на терен.

Протестот, што се одржа како поддршка на Талат Џафери како министер за одбрана и по вчерашните настани, излезе од контрола откако демонстрантите почнаа да фрлаат со камења кон припадниците на МВР, да уништуваат сообраќајни знаци пред Владата и да ги уништуваат автобуските постојки. По ова полицајците ја разбија групата со солзавец и димни бомби.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР