(ВИДЕО) Костадинов: Милошоски не е достоен за функцијата пратеник, срамни се неговите лаги

Од:

„Антонио Милошоски симболот на лажните вести вчера уште еднаш ја посрамоти државата, Собранието, институциите и граѓаните.

Милошоски ја злоупотреби собраниската говорница и пратеничките прашања, за бесрамно да шири лажни вести што и официјално беа демантирани.

Почесниот Конзулат на Белорусија во Република Северна Македонија официјално ја демантираше лажната вест на Милошоски дека наводно бизнисмен од Битола бил рекетиран и барал помош во Амбасадата на Република Белорусија во Белград, Република Србија“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

„За таквата бесрамна лага на Милошоски, во официјалното известување од Почесниот конзулат на Република Белорусија во Република Северна Македонија, јасно е наведено цитирам: „Се што беше искажано се едноставно лажни вести“.

Ваквото однесување на Милошоски е неодговорно и недостојно на функцијата што ја извршува.

Но ова не е првпат Антонио лажни вести Милошоски да ја лаже и манипулира јавноста.

Неодамна, тој излажа дека дури седум земји членки на Европската унија биле против тоа нашата држава да ги започне преговорите со Унијата. Таа лага веднаш беше демантирана од високи претставници на ЕУ.

Лагите на Милошоски се срамни, го нарушуваат меѓународниот углед на државата и се спротивни на интересите на државата и на граѓаните.

Милошоски е срам за нашата земја и за граѓаните и нема дилема дека мора да замине од функцијата пратеник.

Милошоски мора да си даде оставка од функцијата пратеник затоа што не е достоен да ја извршува“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време