Албанскиот академик Синан Шабани: Коста Рацин и Никола Ѓерѓ Миѓени – првенци на европската модерна во овој дел на Балканот

Од:

Коста Рацин, во македонската и Никола Ѓерѓ Миѓени, во албанската литература, се првенци на европската модерна во овој дел на Балканот. Не случајно Рацин е најпреведуваниот автор во Европа, рече синоќа академик Синан Шабани, афирмиран албански научник од областа на книжевната наука, етнологијата и антропологијата.

Во рамките на годинашнава програма од манифестацијата на МАНУ – „Научно уметничка визита Охрид 2019“, академик Шабани, одржа предавање на тема: „Никола Милош Миѓени и Кочо Рацин – поетска паралела на двајца социјални поети“.

– Миѓени и Рацин,не само што создавале во исто време, не само што потекнуваат од иста земја, едниот од реканскиот, другиот од велешкиот, туку најверојатно се познавале. Миѓени четири години живеел во Ботола, а пред тоа, се школувал во Цетиње, Црна Гора. Рацин, пак, во Загреб. И обајцата имале, за тоа време, напредна, пролетерска идеологија. Миѓени објавувал во „Бота е ре“, а Рацин во „Искра“. И двајцата користеле иста лексика, која го одразувала тешкиот живот на народот. Рацин се потпирал на струшкиот говор, додека Миѓени на албанскиот северо-западен, додаде академик Шабани.

Рацин и Миѓени го прифатиле слободниот стих, како Милош Црњански, иако пишувале и на традиционалниот. Социјалната поезијка ги поврзувала, но биле и автори со поширока ерудиција, како Крлежа и Мажураниќ, во Хрватска, така што, тие припагале на еден поширок балкански круг, што ни дава можност да говориме за балканска литература, смета Шабани.
Творечкиот опус на Шабани го претстави академик Луан Старова, додека присутните, академици, научни работници и дипломати, меги кои и потпретседателот на Албанската академија на науките и уметностите, ВасилТоле, ги поздрави претседателот на МАНУ, Таки Фити.

– Научната вертикала на нашиот драг колега од Албанија се мостовите и тврдините. Неговото создавање и вечерашната беседа за Рацин и Миѓени, ги поздравувам со предлогот, двете академии – македонската и албанската, да почнат реализација на еден поширок проект за истражување на двајцата дејци, Миѓени и Рацин, како метафори на културниот и националниот опстој на двата наши блиски народи, односно симболи на нашето взаемно поврзување и спознавање, потенцираше академик Фити.

Академик Луан Старова, покрај творечката, ја нагласи, како што рече, хуманистичката и филантропска димензија на академик Шабани, научник со значајна меѓународна репутација – во Албанија и во светот, кој, со своите научни истражувања и студии од областа на клучни балкански теми, сведочи за прашања кои се посебно својствени за албанската книжевност и култура, засновани и врз автентични и длабоки архивски истражувања.

Годинашниов избор на темата од компаративната книжевност на класичните поети Коста Рацин и Никола Ѓерѓ Миѓени, во македонската и албанската литература, смета Старова, претставува мошне значаен настан во македонско-албанските книжевни и културни врски.

– Идејата на академикот Синани да се определи да трага по поврзувачките нишки на големите Рацин и Миѓени, претставува евидентен научен и творечки напор да се сведочи за нивната оригиналност и заеднички социјаални визии во времето на еден вознемирен Балкан. Академик Шабан Синани, со својата научна парадигма и креативна паралела – Рацин – Миќени, вградува уште еден цврст камен во „тврдината“, чиј врв гледа кон мостот на севкупните македонско-албанските односи. потенцираше академик Луан Старова.

Академик Шабани, е автор, кој на посебен начин, ја збогатува современата книжевна мисла низ современ третман на митовите и легендите. Негови клучни трудови од оваа област се објавени на повеќе јазици во светот.

Посебно се ценети неговите монографии за „Албанците и Евреите“ (2014), објавена и на англиски јазик, како и книгата „Еврите во Албанија:прифаќање и спасување“. Академикот Шабан Синани се смета за еден од најавторитетните толкувачи на делото на Исмаил Кадаре. Неговата монографија „Книжевноста во тоталитаризмот и Досието К.“ ќе биде објавено и на француски јазик.

Делата на академикот Шабан Синани ги одликува извонредна и функционална ерудиција, компаративна прегледност и ширчина. Така само едно од неговите дела под наслов „Мостови и тврдини“, најдобро сведочи за ориентирите на неговото творештво.

Би можело да ве интересира

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

ВРЕДИ почна да го реализира планот за албанска Академија, ќе ја финансираат општините со нивни градоначалници

Катерина Ѓуровски

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

Влен: Академијата за науки и уметности на Албанците не треба да се гледа како контраст или паралелизам на МАНУ

Муртезани: Не можам да тврдам, но има перцепција дека во МАНУ нема пристат за други етнички заедници

Претседателство на МАНУ: Академијата е отворена за сите што ги исполнуваат критериумите, да не се вовлекува во дневнополитички расправи