СДСМ: Генерално чистење на Скопје и прва кривична пријава за недозволено фрлање смет

Од:

„Град Скопје во континуитет продолжува со реализација на мерките што имаат за цел намалување на загадувањето и обезбедување чиста животна средина за сите.

Во текот на вчерашниот ден и денеска, на територија на Град Скопје се одвива масовна акција за генерално чистење на градот.

Во сите општини во Град Скопје се одвива масовно чистење при што се ангажирани целите технички и човечки потенцијали на Градот и јавните претпијатија под негова надлежност“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Се чистат диви депонии, се метат и мијат сите градски и општински улици, се кастрат дрвја и грмушки, се пополнуваат ударни дупки по улиците.

Паралелно со акцијата за чистење, се засилува и инспекцискиот надзор кој има за цел да стави крај на недозволеното одлагање смет на јавни површини.

Во таа насока, вчера за прват во историјата на Град Скопје е напишана првата кривична пријава за неовластено фрлање смет.

Град Скопје и сите надлежни институции остануваат посветени на реализација на мерките што обезбедуваат почист воздух и здрава животна средина за сите, затоа што тоа се основите за зголемување на квалитетот на живот на граѓаните“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време