ВМРО-ДПМНЕ: Убиецот на Мартин Нешкоски е на слобода, а луѓе лежат за обичен прекршок

Од:

„Правда во Македонија нема. Убиецот на Мартин Нешкоски е на слобода, а луѓе лежат за обичен прекршок кога немаат пари да ја платат казната.

Двајцата убијци од Арачиново се ослободени, за убиството на три деца, а на Зоран Заев му се заблагоруваат за ослободувањето“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта не кажува кои се Кики и Фрики, а нема фирма која не е изрекетирана. ОЈО не поведува постапка против Драги Рашковски, иако има сомненија дека сторил милионски криминал, а новинари се викаат во станици и им се врши тортура.

Обелоденет е најголемиот рекетарски скандал, бизнисмени јавно говорат, изнудувани се милиони во период од неколку месеци, а Катица Јанева во чие име е вршен рекетот се шета на слобода.

Зоран Заев е главата на криминалниот октопод кој ја има запоседнато државата последниве три години. Зоран Заев е гаранцијата за неказнивост на сите криминалци и мафијаши кои ги мачат граѓаните. Зоран Заев мора да си замине.

Граѓаните заслужуваат да живеат мирен живот. Потребни се итни предвремени парламентарни избори, и ЈО кое ќе биде финансиски независно и ќе може да биде непристрасно“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски