Мијалков го бара пасошот за да се лекува во Чешка

Од:

Осудениот ексдиректор на тајната полиција, Сашо Мијалков, побарал судот да му го врати пасошот, потврдуваат од специјалното јавно обвинителство, од каде што доставиле до скопска единица негативно мислење за враќање на патната исправа.

„А1 он“ дознава дека барањето на Мијалков е за лекарска интервенција во Чешка со препорака. Од него идентични барања и порано стигнувале до СЈО. Одлука на судот за најновото барање на Мијалков сe` уште нема.

Мијалков е неправосилно осуден на три години и два месеца затвор во случајот „Титаник 2“ за изборни нерегуларности, а обвинет е во предметите „Таргет-Тврдина“  и „Трезор“ на  СЈО.

Би можело да ве интересира

Левица: Хотелот на Мијалков нема решение за Елаборат – Пецаков го штити дивеењето

Левица: Инспектор постапил незаконски при надзор над хотелот на Мијалков

Горан Наумовски

Власта молчи пред дивеењето на Мијалков на Охридското езеро, обвинува Левица

ВРЕДИ: ДУИ го губи компасот, во забуна не знае што прави, кого напаѓа, а кого го брани

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник