(ВИДЕО) Тасевска: Повисоки плати за над 4.300 денари за социјалните работници

Од:

„Продолжуваме со реализација на мерките што го унапредуваат системот на социјална заштита, ги подобруваат условите за работа и поттикнуваат раст на платите.

Покрај растот на платите на вработените во градинките за над 3.000 денари, растат и платите на социјалните работници и останатите даватели на услуги во секторот социјална заштита.

Почнувајќи од јунската плата во секторот социјална заштита платите се зголемуваат во просек за 22 отсто, односно за 4.367 денари во нето износ во просек по вработен“, рече Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

„Зголемувањето на платите се прави согласно Законот за вработените во јавниот сектор и со него се опфатени 1.170 од вкупно 1.531 вработени.

Покрај ова, следува уште едно зголемување на платите од 5 отсто во месец септември, со што вработените во секторот социјална заштита оваа година ќе имаат за 27 отсто повисоки плати.

Тоа е најголемо зголемување досега.

На овој начин ги мотивираме вработените уште попосветено да ја работат својата професија и истовремено го враќаме достоинството на професијата социјален работник.

Од овој месец, 3138 вработени во градинките и 1170 социјални работници и останати даватели на услуги добиваат повисоки плати.

Над 4.300 вработени во системот за детска и социјална заштита добиваат значително поголеми месечни примања.

Како одговорна партија остануваме посветени на унапредување на социјалната заштита, градиме систем кој се грижи за граѓаните и обезбедува квалитетни услови за работа на стручниот кадар“, изјави Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните