Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја повика Турција да не го стаа во оперативна употреба системот за противоракетна одбрана С-400, што го купи од Русија, откако американскиот претседател одлучи да не наметнува санкции против Анкара.
-Може да има санкции, но чесно кажано тоа што навистина би сакале е С-400 да не почне да функционира, подвлече Помпео во интервју за Блумберг.
САД од поодамна тврдат дека договорот на Турција за рускиот ракетен систем е неспоив со нејзината улога како членка на НАТО, но и како дел од програмата за производство на авионите Ф-35, и покрај тоа што Трамп, исто така, сигнализираше дека не сака да наметнува санкции за владата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
САД минатиот месец ја исклучија Турција од програмата за заеднички развој на ловците Ф-35. Се очекуваше Анкара да купи повеќе од 100 од овие авиони од најнивата генерација.
САД всушност се стремат на Анкара да и го продадат системот Патриот, што претставува нивни напор уште од 2013 година, но Ердоган го отфрли предлогот, а пред извесно време уште и соопшти дека Турција може и сама да разработи и
создаде свои ракети.