Во рамки на манифестацијата „Научната и уметничка визита“, во организиција од МАНУ вечерва во Охрид свое предавање ќе има албанскиот академик Синан Шабани, кој пред присутните ќе направи паралела на поетските творби на социјалните поети Милош Никола Ѓерѓ Миѓени од Албанија и нашиот Коста Солев Рацин.
На предавањето, кое ќе се одржи во Куќата на Уранија со почеток од 20 часот, потпретседателот на Албанската академија на науките Шабани, кој важи за голем познавач на книжевната наука, етнологијата и антропологијата, токму преку ова негово научно истражување ги бара врзувачките нишки на големите Рацин и Миѓени, нивните експресионистички социјални мотиви, спротивставувањата на тогашните услови за живот и збиднувањата во земјите на турбулентниот Балкански полуостров.