Засилени контроли и истраги за злоупотреби со лекови на рецепт

Од:

Претседателот на Владата Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања обелодени причини откриени низ анализа, зошто граѓаните во државава не можат да дојдат до лекови на рецепт во текот на целиот месец, туку само на почетокот на месецот.

Како што соопшти владината прес-служба, тој рече дека нешто повеќе од година се работи на ова прашање, дека контроли покажале злоупотреби, дека се прави комплетно информатички систем на контрола, дури има еден затекнат од времето на претходната власт и најави целосно решение на проблемот на есен.

-Еден дел на проблемот се јавува кога се издаваат фиктивни рецепти од страна на лекари и истовремено, со добро организирана форма, аптеки, фиктивните рецепти ги примаат и лековите доаѓаат кај луѓе без пари, потоа се тргува со нив во државава и во земји надвор од државава. Тие се незаконски криминални активности, правиме сериозни истраги, ги засиливме мерките на контрола. Од 1 септември до 1 октомври мислам дека ќе го имаме решението. Целта е граѓаните да добијат лекови во кој било дел од месецот, рече премиерот Заев.

Тој изрази очекување дека на тој начин граѓаните нема да прават т.н. домашни аптеки, во грижа дека нема да најдат лек на рецепт, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада