Лех Валенса отворено против хомосексуалците

Од:

Поранешниот полски претседател и носител на Нобеловата награда за мир Лех Валенса застана против хомосексуалците, пренесуваат чешките медиуми.

Во Полска, каде е отворена дебатата за хомосексуални бракови, Валенса изјави дека му пречат припадниците на сексуалните малцинства меѓу пратениците, јави дописникот на МИА од Прага.

Реагирајќи на прашање на приватната телевизија ТВН, дали пратениците со хомосексуална ориентација треба да седат блиску ѕидот, во последниот ред на парламентарните клупи, кога веќе се малцинство, Валенса одговори: – Да, до ѕидот, дури и зад ѕидот.

Екс-претседателот на Полска додаде дека ја почитува демократијата и го почитува мнозинството. – Мнозинството ја создава демократијата. Но, тоа што тука го имаме, тоа е малцинство кое застанува на чело на мнозинството, смета Валенса.

Притоа, тој вели дека ги разбира и ги толерира хомосексуалците, но не сака да демонстрираат во центарот на градовите, туку своите акции да ги организираат во периферијата за да не ги збунуваат неговите деца и внуци.

Тој како побожен католик, повторува дека „разбира дека се тие различни луѓе и дека имаат право на свој идентитет, но не сака да го менуваат редот кој е заведен со векови“.

Во актуелниот состав на полскиот Парамент има еден пратеник кој се изјасни јавно кон својата хомосексуална ориентација и еден пратеник кој се изјасни како транссексуалец.

Во врска со прашањето за дозволување на бракови меѓу хомосексуалните парови, повеќе од две третини од Полјаците се изјасниле против.

Полскиот Сејм во последниот период отфрли три верзии на Нацрт-закони за регистрирано партнерство. Според конзервативната десница таквите предлози имаат за цел „да го легализираат моралниот пад на општеството и да ја потврдат кризата на моделот на традиционалното семејство“.

Би можело да ве интересира

Полска издвојува 375 милиони долари за зајакнување на оградата на границата со Белорусија

ВИДЕО: Изгоре огромен трговски центар со 1400 продавници во Вашрава

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата