И во Холандија регистрирана рекордно висока температура

Од:

Во градот Делин денеска се измерени рекордни 41,7 степени Целзиусови, соопшти Холандскиот кралски метеоролошки институт.

Со денешната измерена температура на воздухот соборен е рекордот од 1944 година.

Тоа се случува само еден ден откако и вчера во Холандија беа измерени рекордни 38,8 степени во местото Гилзе-Ријен. Последниот рекорд во Холандија беше во 1944 година, кога се измерени 38,6 степени.

Високи температури денеска се измерени и во другите европски држави.

Во Париз во 13 часот и 36 минути беше соборен рекордот на највисоко измерена температура во сенка со 40,6 Целзиусови степени според Метео-Франс.

Метео-Франс предвидува дека денешната температура ќе достигне до 43 степени во регионот на Париз.

Претходниот рекорд беше „стар“ повеќе од 70 години. Од почетокот на мерењата во 1873 година, температурата во Париз само еднаш надминала 40 Целзиусови степени на 28 јули 1947 година (40,4 Целзиусови степени).

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина