Фолксваген ХЛ1 хибрид на Саемот во Женева

Од:

 Фолксваген на Саемот на автомобили во Женева ќе го претстави хибридот „ХЛ1“, кој има потрошувачка од 0,9 литри на 100 километри.

Изгледот на хибридниот двосед е во функција на аеродинамичноста, а резултат на тоа е низок коефициент на отпор на воздухот од само 0.186, што е основа за малата потрошувачка.

Аеродинамиката на ХЛ1 е постигната со замената на ретровизорите со камери, прекривањето на задните тркала и предните аголни ЛЕД светла. Потрошувачката е дополнително намалена со малата тежина од само 795 килограми и нискиот центар на гравитација на возилото.

Напредниот дизел-електричен „плаг-ин“ хибриден систем произведува вкупно 73 коњски сили и максимална брзина од 160 километри на час. Достапни се три различни видови на возење, електричен, дизел и комбиниран.

Во електричен систем, ХЛ1 може да помине околу 50 километри благодарение на литиум-јонската батерија. Структурата на автомобилот е од лесен карбон, а димензиите изнесуваат 3,8 метри должина, 1,6 метри широчина и 1,1 метар висина.

Деталите за цената се уште не се познати. Компанијата планира за почеток да произведе 50 примероци, врз основа на што ќе одлучи дали е еконмски оправдано да почне со масовно производство.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска