Грунчев: Запленетиот глисер е мој, не на Кичеец

Од:

Глисерот што полицијата го заплени во Охрид, кој треба да биде доказ во случајот „Рекет“, е огласен за продажба и не е во сопственост на Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, дознава „А1он“. Како вистински сопственик се јавува охриѓанецот Марјан Грунчев, кој за „А1он“ тврди дека станува збор за грешка и бара да му се врати глисерот.

„Глисерот е мој, станува збор за некоја грешка дека е на Зоки Кичеец, пријавив во МВР, поднесов документи и мојот адвокат си ја брка работата. Не знам како може да дојде до ваква грешка, и јас се чудам“, вели Грунчев за „А1он“.

Грунчев вели дека се познава со Кичеец, кој се возел во глисерот, и додава „Можеби затоа е дојдено до таква забуна“.

„Глисерот се води на мое име. Ниту сум го купил од Зоран, ниту ништо. За истиот имам потенцијални купувачи, се јавуваат луѓе“, додава Грунчев.

Цената на огласот е 50 илјади евра, а пишува дека се наоѓа во Охридско Езеро, иако истиот по заплената е во охридската касарна.

„Продавам глисер ‘баја марине’, должината е 8.5, а ширината 2.5, силата на моторот е 800 кс. Регистиран, сервисиран и моментално се наоѓа во Охридско Езеро. Комплет со приколка и многу добра опрема. Во одлична состојба“, пишува во огласот.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов