Изложба на иконографскa резба на Мирче Аврамоски во Тетово

Од:

Во Уметничката галерија Тетово вчеравечер беше отворена прва самостојна изложба на иконографска резба на Мирче Аврамовски од Тетово, кој пред тетовската јавност претстави 40 икони изрезбрани во оревово дрво.

-Дрвото е главен материјал во делата на Мирче, кој уште од 10-та година покажува интерес за уметноста. Пробувал разни техники, а на крај се одлучува за дрворезбарија поточно на иконографија. Со тек на време, тој прави серија од различни иконографии, дела кои се наоѓаат кај различни приватни колекционери, цркви и манастири низ цела Македонија, рече Беса Даути, кустос во галеријата.

Авторот Аврамовски посочи дека на иконите се претставени светци во православната вера. Рече дека за да изработи една резба, во зависност од иконата, потребни му се од еден до три месеци.

Иконите ќе бидат изложени една недела, односно до 30 август.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска