Двајца Иранци беа осудени на смрт заради употреба на алкохол, јавија западни медиуми повикувајќи се на претставник на локалните судски власти.
Двете лица конзумирале алкохол третпат. За претходните два пати биле осудени на камшикување, а сега добиле смртна казна. Пресудата била потврдена и од Врховниот суд, но може да избегне таков вид казна ако се покае.
По исламската револуција во 1979 година, производството, трговијата и употребата на алкохол се забранети во Иран. Право на конзумирање алкохол имаат само претставници на христијански малцинства.
Во таа држава со шверц се внесуваат околу 80 милиони литри алкохол годишно, а полицијата успева да заплени околу 20 милиони литри. Шефот на полицијата генерал Есмаил Ахмади Могадам неодамна изјави дека во државата има „околу 200.000 алкохоличари“ и 80 отсто од шверцуваниот алкохол се носи од ирачки Курдистан.